Линкови за пристапност

Направа за контрола на брзината можела да ја спречи несреќата


Официјално лице кажа дека превртувањето на возот на Амтрак во близина на Филаделфија можело да биде избегнато.

Федерален истражител вели дека нова, напредна безбедносна направа можела да го спречи излегувањето од шините на патничкиот воз на Амтрак во североисточниот град Филаделфија.

Бордот за Национална безбедност во сообраќајот кажа дека возот може да се движел со повеќе од 160 км на час, што е два пати поголема брзина од дозволената на кривина, кога се случила несреќата во која загинаа најмалку седум лица и други 200 се повредени, од кои некои критично.

Членот на бордот Роберт Самвалт на новинарите им кажа дека местото каде се случила несреќата немало инсталирано систем наречен Позитивна контрола на воз, што користи ГПС и други направи за мониторење што автоматски го успоруваат возот ако прекумерно забрзува, или е во опасност од судир со друг.

Конгресот усвои закон во 2008 со кој се бара од Амтрак, национален сервис за железнички превоз на патници, и сите други приватни товарни и патнички железници да инсталираат таков систем до крајот на оваа година. Но сенатска комисија за трговија и сообраќај одобри мерка во март шо дозволува железничката индустрија да го одложи инсталирањето на системот најмалку до 2020, откако индустријата лобираше кај законодавците дека е потребно повеќе време.

XS
SM
MD
LG