Линкови за пристапност

Заев презентираше нова „бомба“


ВМРО-ДПМНЕ возврати со обвинување

Зоран Заев денеска презентираше нова „бомба со снимки од телефонски разговори кои според него ги покажуваат „злоупотребите на власта и обидот да се прикрие криминалот“.

„Овие разговори ги откриваат бизинс-тендерските релации меѓу владејачката ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.

Во еден од разговорите тема е новата охридска болница за која, според опозицијата, се трошело многу повеќе од планираното, но и за тоа дека градбата имала проблеми со статиката.

Заев објави и разговори кои кажа дека се однесуваат на милионски тендери поврзани со државната ЕЛЕМ.

Според СДСМ овие разговори откриваат и како се плаќало преку бланко фактури за владините реклами.

„Разговорите упатуваат на (сознанија) како владејачката партија се стекнувала со имот и како спроведувала пропаганда пред граѓаните“, изјави Заев.

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ одговори дека во „сечените и монтирани матерјали нема никакви сомнежи за криминални активности“.

Во меѓувреме на некои провладини портали се појави видео снимка на која се гледа како Зоран Заев, како градоначалник, разговара со соговорник за изградба на црква. Според порталите кои ја објавија снимката, станува збор за доказ „како Заев прима мито“.

„После ова видео Заев нема морално право да се занимава со политика и од него бараме да си поднесе оставка од фунциите за да може против него да се поведе истрага“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ги отфли обвинувањата и го повика Јавното обвинитество, од каде според него излегла снимката, да ја објави интегрално.

„Денес сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка. Оваа снимка единствено можела да протече во јавноста од Јавното обвинителство или МВР“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објаснувајќи дека „изградбата на соборниот храм во Струмица се изведува преку донации од фирми и граѓани, и тоа преку донација на сметка на Храмот, преку купување на градежни материјали за изградба на Храмот и нивно донирање, и преку донирање на готови пари за купување на градежни материјали“.

XS
SM
MD
LG