Линкови за пристапност

Кери: Сега е „критичен момент“ за украинскиот конфликт


Патувањето на американскиот државен секретар во Русија беше најмногу со цел да се одржи комуникацијата со Москва.

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека сега е „критичен момент“ за Русија и про-руските сепаратисти да го исполнат мировниот договор чија цел е прекин на насилството во источна Украина.

Кери ова го кажа во Анталија, Турција, каде во среда се сретна со министрите за надворешни работи на НАТО.

Коментарите на Кери уследија по средбите во вторник со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во руското одмаралиште Сочи. Кери во Русија кажа дека „нема замена“ за директни разговори со клучни лица кои ги донесуваат одлуките по комплексни глобални прашања, како што се конфликтите во Украина и во Русија.

Патувањето на Кери дојде во време кога релациите меѓу Вашингтон и Москва паднаа на ниво како од Студената војна заради несогласувања во врска со Украина и Сирија, и патувањето се чини дека имаше за цел да се одржат тие контакти повеќе од се` друго.

Исто така во вторник, беше објавен извештај базиран на информации собрани од убиениот руски опозиционен лидер Борис Немецов кој кажа дека најмалку 220 руски војници загинале во борбите во југоисточна Украина во изминатата година.

Москва повеќе пати ги негираше тврдењата дека е инволвирана во конфликтот.

Повеќе од 6100 лица се убиени од април 2014 во украинската криза.

XS
SM
MD
LG