Линкови за пристапност

Железничка несреќа близу Филаделфија


Шест вагони и локомотивата се превртеле, се` уште се испитува причината за несреќата.

Градоначалникот Мајкл Натер во североисточниот американски град Филаделфија вели пет лица биле убиени, и 146 повредени кога воз излегол од шините во близина на градот во вторникот навечер, а едно лице подлегнало на повредите во болница.

Голем број единици за итна помош одговориле кога возот на Амтрак со 243 патници и екипаж излегол од шините за време на патувањето од Вашингтон до Њујорк. Натер кажа дека шест вагони и локомотивата биле инволвирани во несреќата.

Над 200 пожарникари и полицајци дошле на местото на настанот барајќи патници во кршот. Телевизиските слики покажуваат многу окрвавени патници. Шетмина од патниците биле критично повредени.

Еден од патниците, поранешниот конгресмен Патрик Марфи, направил фотографии од местото на настанот и ги испратил преку Твитер.

Амтрак, национален превозник на патници финансиран од владата, ги откажа услугите од Вашингтон до Њујорк. Националниот борд за безбедност во сообраќајот кажа дека тим на истражители ќе пристигне на местото на несреќата во среда утрото за да започне формална истрага.

XS
SM
MD
LG