Линкови за пристапност

Амбасадорите во Македонија се сретнаа со Ахмети и Заев


На средбите тие се заложиле за конструктивна улога на нивните партиите, и побарале од опозицијата да се врати во Собранието.

По вчерашната средба на амбасадорите на САД, ЕУ, Германија, Италија, Велика Британија и Франција денеска тие се сретнаа со лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Зоран Заев.

По средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, амбасадорите ја повикаа партијата, како дел од владината коалиција, да понесе одговорност за состојбите во државата.

„Ја поздравуваме конструктивната улога на ДУИ за време на викендов, вклучително и во Советот на безбедност. Ја повикуваме партијата да продолжи да работи со сите страни и институции. Kако дел од владејачката коалиција, ДУИ е одговорна за спроведување на демократските вредности и принципи. Партијата има обврска да помогне да се изградат државните институции и да осигура транспарентна истрага за откриените злоуопотреби на кредибилен начин. Се надеваме дека ДУИ ќе ја искористи влијателноста за доброто и иднината на сите македонски граѓани“, изјави по средбата во име на сите амбасадори, амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели.

Амбасадорите попладнево се сретнаа и со лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев. По двочасовната средба тие ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието.

Тие го поздравија неговото учество во Советот за безбедност и повикаа да партијата да се врати во Собранието затоа што сметаат дека парламентот е клучна институција за решавањето на проблемите со коишто се соочува државата.

На крајот амбасадорите од САД, ЕУ, Германија, Франција, Велика Британија и Италија рекоа дека го поддржуваат демократското право на мирен протест.

XS
SM
MD
LG