Линкови за пристапност

Путин ќе се сретне со Кери во Сочи


На агендата се лепеза билатерални и регионални прашања, кажа американскиот Стејт департмент.

Американскиот државен секретар Џон Кери во вторник треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, за време на првата посета на Кери на Русија откако односите заладија заради несогласувањата во врска со Украина и Сирија.

Портпарол на Кремљ, Дмитри Песков, го потврди учеството на Путин во разговорите во Сочи. На руската агенција Интерфакс тој изјави дека меѓународните санкции спрема Русија, поврзани со нејзината инволвираност со сепаратистите во источна Украина, не се на руската агенда. Но тој кажа дека доколку се покрене прашањето руската страна ќе „го изрази својот став“.

Стејт департментот вели дека Путин, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Кери во вторник ќе разговараат по „цела лепеза билатерални и регионални прашања“, како дел од тековниот напор за обезбедување американските ставови да бидат јасно пренесени.

Портпаролот на Стејт департментот кажа дека разговорите исто така ќе се фокусираат на нуклеарните преговори меѓу Иран и шест нации кои бараат договор што ќе ја стави под контрола техеранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG