Американски официјални лица беа соочени со прашања во понеделникот во Женева во врска со употребата на смрттната казна, користење прекумерна сила од страна на полицијата и мерките за национална безбедност, за време на ревизијата на ситуацијата со правата во државата од страна на Советот за човекови права на ОН.
Претставник на Одделот за правда, Џејмс Кадоган, цитираше голем број случаи од висок профил кои инволвираат убиство на невооружени црнци од страни на полицајци, велејќи дека САД мора да сторат повеќе за заштита на граѓанските права.
„Овие настани не` предизвикуваат повеќе да работиме и подобро, за да дојдеме до напредок“, рече Кадоган.
Употребата на смртната казна во САД исто така привлече големо внимание со нации кои повикуваат за престанок на праксата, и други кои велат дека најмалку што САД треба да сторат е да преземат чекори да обезбедат затворениците со интелектуална попреченост да не се егзекутирани.
Како одговор на прашањата за третманот на мигрантните работници, американската делегација вети дека се прави секаков напор за заштита на нивните права, вклучувајќи ги и оние за избегнување на експлоатација на децата.
Понеделничката сесија исто така вклучи фокус на ЦИА за испрашувачките тактики, тековните приведувања во објектот во Гвантанамо, во Куба, американските напади со беспилотни летала и операции на прислушкување од Агенцијата за национална безбедност.
Бригадирниот генерал Ричард Грос кажа дека притворениците во Гвантанамо продолжуваат да бидат држени законски, и нагласи дека повеќе од половината од популацијата биле преместени од таму откако претседателот Барак Обама ја презел функцијата со ветување дека ќе го затвори.
Тој исто така кажа дека американската армија „презема скрупулозна грижа“ во употребата на сила, вклучувајќи целење на специфични терористи во нападите со беспилотни летала.
По процесот на ревизија ќе биде издаден извештај за прашањата во врска со човековите права во САД и серија препораки за постапување по прашањата.