Линкови за пристапност

Саудискиот крал ќе го прескокне самитот во Вашингтон


Од сите заливски пријатели на Вашингтон, само лидерите на Катар и Кувајт ќе бидат предводници на нивните делегации

Саудискиот крал Салман нема да учествува на американско-арапскиот самит чиј домаќин неделава е претседателот Барак Обама, кажа во неделата министерот за надворешни работи Адел ал-Џубеир, исто така откажувајќи ја планираната средба во Белата куќа, што беше објавена само неколку дена порано.

Самитот започнува во среда со делегации од шестчлениот Совет за соработка во Заливот кои се во посета на Белата куќа, а продолжува во четврток со разговори во претседателското одмаралиште Кемп Дејвид.

Џубеир кажа дека Кралот Салманќе го испрати крунисаниот принц Мохамед бин Најеф на негово место. Тој цитираше преклопување на самитот со петдневното примирје и хуманитарните напори во соседен Јемен каде Саудиска Арабија предводи кампања на воздушни напади против анти-владините борци.

Официјален претставник на администрацијата кажа дека „промената не е резултат на никакво суштинско прашање“.

Со Кралот Салман отсутен од самитот, само лидерите на Катар и Кувајт ќе бидат предводници на нивните делегации. Кувајтскиот емир, Сабах Ахмад ал-Сабах, пристигна во Вашингтон во неделата и катарскиот емир, Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тхани треба да замине од Доха во понеделник.

Султанот на Оман Ќабус бин Саид и претседателот на Обединетите Арапски Емирати Калифа бин Зајед ал-Нахјан нема да учествуваат заради здравствени причини. Делегацијата на Бахраин ќе биде предводена од крунисан принц на малото островско кралство наместо од Кралот Хамад бин Иса Ал-Калифа. Не е објавена причина за тоа.

XS
SM
MD
LG