Тримесечната истрага од Националната фудбалска лига (НФЛ) заврши со заклучок дека „многу веројатно“ шампионот во Супербол Њу Ингланд Патриотс ги прекршиле правилата кога користеле издишани фудбалски топки против правилата за време на плеј-оф натпреварот против Индијанаполис.
Извештајот пренесе дека квотербекот Том Брејди веројатно бил свесен дека фудбалите биле малку издишани. Брејди негираше дека ги прекршил правилата.
Користењето на издишани фудбалски топки, особено за време на студено време го олеснува фрлањето на топките за квотербекот и на играчот кој што треба да ја фати.
Патриотс ги победија Колтс со 45-7 во плеј-оф натпревар, а во финалето на Суперболот беа поуспешни од Сиетл Сихокс.
Истрагата на НФЛ покажа дека веројатно Џим Мекнали и Џон Јастремски биле дел од заговорот со издишаните фудбалски топки, пред да им ги дадат на официјалните лица.
Истрагата на НФЛ утврди дека тренерот на Патриотс, Бил Беличик, не е вклучен во целата ситуација и засега не препорача казни.
Сопственикот на Патриотс Роберт Крафт рече дека е разочаран од извештајот. Тој рече дека извештајот не вклучува цврст доказ дека некој намерно ги издишал топките.