Линкови за пристапност

САД ја поздравија одлуката за прекин на воздушната кампања во Јемен


Саудиска Арабија рече дека фокусот го става на наоѓање политичко решение

Бунтовниците Хути ја зазедоа контролата на седиштето на армиска бригада во Таиз, третиот по големина град во Јемен, додека продолжуваат борбите во овој дел и јужниот пристанишен град Аден.

Саудиска Арабија објави прекин едномесечната воздушна коалициона кампања на чие чело беше, и во вторникот соопшти дека новиот фокус е поддршката на политичко решение, особено на продолжувањето на мировните разговори за Јемен под водство на ОН.

САД ја поздравија одлуката за прекин на воздушната кампања. Белата куќа повика на што побрза обнова на преговорите меѓу сите страни во Јемен.

Иран, инаку поддржувач на Хутите, исто така го поздрви, како што рече „убивањето на невини цивили“. Во меѓувреме, претседателот Барак Обама во интервју за американска телевизиска куќа, МЦНБЦ, му порача на Иран, дека какви било пратки со оружје до Хутите, ќе претставува, „ проблем“.

XS
SM
MD
LG