Линкови за пристапност

Стејт департмент: Сега не е време за продажба на оружје на Иран


Путин вели дека иранската „флексибилност“ е зад неговата одлука да му продаде одбранбен систем на Техеран.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека расположението кај Иран да се обиде да постигне договор за нуклеарната програма е причина за неговата одлука да го отвори патот за можна продажба на системот за противракетна одбрана С-300 на Техеран.

Путин ова го кажа на годишната сесија на прашања и одговори на руската телевизија, одговарајќи на прашања од јавноста.

Москва го потпиша договорот во висина од 800 милиони долари во 2007-ма да го снабди Техеран со ваква опрема. Но договорот беше замрзнат откако Советот за безбедност на ОН воведе санкции против Иран.

Администрацијата на претседателот Обама изрази загриженост за развојот на настаните.

Стејт департментот вели дека продажбата на проетилите С-300 на Иран не ги кршат постоечките санкции Советот за безбедност на ОН, но САД веруваат дека „сега не е време“ за продажбата, со оглед на немирите во регионот.

XS
SM
MD
LG