Во Комисијата за односи со странство на американскаиот Сенат помина компромисниот предлог закон што секаков нуклеарен договор со Иран го прави предмет на конгресна ревизија и потенцијално гласање за одобрување или отфрлање на договорот.
Гласањето по двопартискиот компромис беше 19 спрема нула. Законот сега оди целиот Сенат и Претставнички дом. Белата куќа индицираше дека претседателот Обама најверојатно ќе го потпише компромисниот закон.
На документот му беа додадени амандмани за скусување на периодот за ревизија од 60 на 30 дена, а претседателот ќе треба да даде отчет дека Иран го почитува договорот секои 90 дена. Доколку Иран не го почитува договорот, санкциите што се поставени од Конгресот веднаш ќе бидат имплементирани.