Линкови за пристапност

Кој е Марко Рубио?


Третиот републиканец кој влегува во претседателската трка 2016-та е сенатор од Флорида со допадлива приказна за многумина

Марко Рубио ја соопшти својата кандидатура во понеделникот пред ентузијастичка група луѓе во Мајами.

Рубио кажа дека се кандидира за да помогне да се донесе ново американско столетие, и тој веднаш се зафати со напад на демократската кандидатка Хилари Клинтон.

„Вчера, лидер од нашето вчера, започна кампања за претседател со ветување дека ќе не врати во вчера. Вчера заврши“, кажа тој пред насобраните.

Рубио ја објави својата кампања во Фридом Тауер во Мајами, каде бил лоциран центарот за процесирање на десетици илјади кубански бегалци кои бегале од островот во 60-те и 70-те.

Како син на кубански имигранти, Рубио има потенцијал да им се допадне на млади и малцински гласачи, вели републиканскиот стратег Форд О`Конел.

„Тој има најубедлива приказна од целото републиканско поле. Прашањето е сега како тоа ќе го спакува за да им каже на гласачите за што се залага. На многу начини тој го претставува американскиот сон.“

Рубио исто така се пројави како силен критичар на претседателот Барак Обама и неговата надворешна политика и вети нова насока доколку биде избран следната година.

XS
SM
MD
LG