Линкови за пристапност

Русија продава оружје на Иран


САД се загрижени за одлуката на Путин да ја реализира продажбата

Виш ирански официјален претставник потврди дека Русија би можела да почне со достава на софистициран противвоздушен одбранбен систем од типот С-300 во Иран до крајот на годината.

Изјавата за руската новинска агенција Интерфакс на Али Шамкани, првиот човек на иранскиот Врховен совет за безбедност, дојде еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин ја укина петгодишната забрана за продажба на ракети на Иран.

Договорот вреден 800 милиони долари датира од 2008-ма но Русија го замрзна во 2010-та откако Советот за безбедност на ОН поставија санкции спрема Иран. САД изразија загриженост за одлуката на Путин да ја реализира продажбата.

XS
SM
MD
LG