Линкови за пристапност

Ирачкиот премиер сака повеќе оружје од САД


Белата куќа вели дека претседателот на САД ќе го разгледа барањето но дека нема да прати трупи во борбени операции.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади во вторник во Белата куќа пред претседателот Барак Обама ќе го образложи барањето за поголема помош од САД со цел Ирак да ги порази милитантите од Исламската држава.

Непосредно пред посетата Абади рече дека Ирак примил зајакната поддршка од САД, но дека сака да види поголема во време кога неговите сили ги интензивираат напорите за повторно преземање на територија што милитантите ја ставиле под своја контрола минатата година.

Од август, САД предводат коалиција што изврши повеќе од 1800 воздушни напади врз цели на Исламската држава во Ирак.

Американски официјални лица вчера кажаа дека не виделе конкретно барање од Ирак, но портпаролот на Белата куќа Џош Ернест рече Обама ќе го разгледа барањето за поголема помош.

САД имаат испратено 3 000 војници во Ирак, во советодавна улога и за помош на ирачките сили, но Ернест потенцираше дека Обама нема намера да испраѓа повеќе американски сили за борбени операции.

XS
SM
MD
LG