Линкови за пристапност

Расте бројот на кандидати за претседателската трка 2016-та


Еден ден по Хилари Клинтон од Демократската партија, сенаторот Марко Рубио во понеделник ќе објави кандидатура од Републиканската.

Претседателската трка во САД станува погуста, откако сенаторот Марко Рубио подготвен да ја објави кандидатурата подоцна денеска, еден ден откако поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ја лансираше својата кампања.

43-годишниот Рубио, кој е син на кубански имигранти, се очекува формално да се приклучи на трката на настан вечерва во Мајами, на местото каде властите прво ги регистрирале Кубанците кои бегале од владата на Фидел Кастро во 1960-те..

Рубио ќе биде третиот републиканец кој ќе се натпреварува за номинација за изборите во 2016-та, приклучувајќи се на сенаторите Ранд Пол и Тед Круз. Се очекува да се кандидираат и гувернерот од Висконсин Скот Вокер и поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш.

Клинтон ја соопшти својата кандидатура за номинирање од Демократската партија во видео на Интернет во неделата во кое вети дека ќе се бори за средната класа.

XS
SM
MD
LG