Линкови за пристапност

И втората „црна кутија“ индицира намерно уривање


Снимките покажуваат дека Лубиц го исклучил автопилотот и неколку пати ја зголемил брзината додека го спуштал авионот.

Истражителите на француската авијција велат дека првата анализа на втората црна кутија од авионот на Џерманвингс што се урна во француските Алпи минатиот месец ја зацврстува теоријата дека ко-пилотот го урнал авионот намерно, убивајќи 150 лица на него.

Снимката на податоците на летот покажала дека Андреас Лубиц откако го заклучил колегата пилот надвор од кабината го ресетирал автоматскиот пилот и повеќе пати ја зголемил брзината додека авионот бил во смртоносен пад.

XS
SM
MD
LG