Линкови за пристапност

Иран го поздрави „историскиот“ договор со Запад


Иранците среќни со перспективата на ослободување од санкции

Иранците се радуваат на рамковниот договор со светските сили што ги ослободува од санкции во замена за ограничување на техеранската нуклеарна програма.

Министерот за надворешни работи Џавад Зариф денеска се врати дома пречен од радосна толпа поддржувачи, со транспаренти на кои пишува „Долг живот за доктор Зариф, долг живот за претседателот Рухани“.

Претседателот на САД Барак Обама вчера договорот го нарече историски , велејќи дека неговата полна имплементација ќе го направи светот побезбеден и ќе го оддалечи Техеран од патот да произведе бомба.

Републиканските законодавци велат дека со договорот САД прават премногу концесии и се закануваат дека ќе усвојат санкции против Иран.

XS
SM
MD
LG