Линкови за пристапност

Кенија во жалост


По вчерашниот терористички напад, властите го бараат главниот организатор

Кенијците се во тага по нападот на вооружени лица на ал-Шабаб коишто упаднаа во Универзитетот Гариса во североисточна Кенија што резултираше со 147 мртви меѓу кои и четворицата напаѓачи.

Кениската влада понуди награда од 220.000 долари за член на ал-Шабаб поврзан со нападот: Мохамед Мохамуд Куно, кој веќе се наоѓа на владината листа за набљудување. Тој е осомничен за организирање операции во Кенија. Познат е како Гамадере или Далјадајна.

Куно е баран за испрашување во врска со нападот на Универзитетот Гариса каде напаѓачите упаднале во кампусот и отвориле оган. Престрелката меѓу безбедносните сили и милитантите траела 15 часа, и биле спасени повеќе од 500 студенти пред фатално да бидат застрелани напаѓачите.

Ал-Шабаб објави дека нападот бил одмазда за кениската армиска акција во соседна Сомалија, каде се наоѓа седиштето на исламската милитантна група.

Сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд повика на поголема безбедносна соработка со Кенија и изрази сочувство за загинатите нарекувајќи го нападот „варварски“. Тој рече дека убиствата ја покажаа потребата од елиминирање на „напаста“ од ал-Шабаб од регионот.

XS
SM
MD
LG