Американската економија се проширила со 2,2 проценти годишна стапка во октомври, ноември и декември на 2014-та, што е многу побавен растеж отколку претходното тримесечје.
Владин извештај објавен во петок вели дека помалите федерални трошоци и растечкиот увоз го ограничиле растежот.
Анализата е конечна ревизија на цифрите за растеж во последното тримесечје, базирана на најкомплетни податоци. Цифрите изненадиле многумина економисти кои предвиделе малку поголем растеж за последните неколку месеци од годината.
Извештајот исто така покажува дека стапката на растеж за целата 2014-та била 2,4 проценти што е малку побрзо од претходната година.
Бруто домашниот производ е најширока мерка за економско здравје и ги следи сите добра и услуги произведени во државата.
Економистите велат дека растежот во првите неколку месеци од оваа година бил намален заради невообичаено студеното време и силниот долар. Растечката вредност на доларот значи дека американските добра се поскапи на глобалните пазари, што може да му наштети на извозот.
Вредноста на извозот се додава на бруто домашниот производ, додека цената на увозот се одзема од проценката на економската активност.