Линкови за пристапност

Копилотот на Џерманвингс криел дека бил болен


„Скинати“ лекарски белешки биле најдени во претресот на домовите на 27-годишниот Андреас Лубиц.

Копилотот за кој се верува дека намерно го урнал патничкиот авион на Џерманвингс во француските Алпи, убивајќи ги сите 150 луѓе во авионот, ги криел доказите дека бил болен од неговиот работодавец, кажаа во петок германските обвинители.

„Скинати“ лекарски белешки за неговата болест биле најдени во претресот на домовите на 27-годишниот Андреас Лубиц во два германски градови, вклучувајќи една што е оправдание да не оди на работа на денот на уривањето.

Соопштение од обвинителството кажа дека откриените лекарски документи индицираат „постоечка болест и согласно на тоа медицински третман“.

Соопштението не открива за каква болест се работи, но медиумските извештаи сугерираат дека Лубиц страдал од депресија.

Во петок, полицијата ги пребарала домовите каде 27-годишниот Андреас Лубиц живеел кога не летал: стан што го држел во германскиот град Дизелдорф, како и домот на неговите родители во малиот германски град Монтабур. Полицијата вели дека неколку предмети биле земени како докази. Деталите се очекуваат подоцна во петок.

Официјални лица велат дека Лубиц не бил терористичка листа.

XS
SM
MD
LG