Линкови за пристапност

САД започнаа со воздушни напади на Тикрит


Американски воени авиони се ангажирани откако премиерот на Ирак побарал помош во офанзивата против милитанти на Исламската држава.

Воени авиони од коалицијата предводена од САД изведоа воздушни напади на цели на Исламската држава во ирачкиот град Тикрит во среда, откако премиерот Хаидер ал-Абади побара поддршка за офанзивата што трае веќе еден месец за повторно преземање на оваа стратешка област.

Ирачките трупи и шиитските паравојници водат борби на земјата, и даваа отпор на барање помош од надвор, но по брзи напредувања во околината на Тикрит, напорот забави.

Американскиот генерал полковник Џејмс Тери, кој командува со коалицијата, вели дека воздушните напади подобро ќе овозможат на ирачките сили да ги поразат милитантите.

„Овие напади се со цел да се уништат упориштата на ИСИЛ со прецизност, што ќе рече спасување на невини животи додека се минимизира колатерална штета на инфраструктурата“, кажа тој, когистејќи ја кратенката за групата Исламска држава.

Тикрит е главен град на провинцијата Салахудин, област лоцирана меѓу главниот град Багдад и вториот по големина град во Ирак, Мосул, кој е контролиран од борци на Исламската држава од јуни.

XS
SM
MD
LG