Истражител кој го испитувал уривањето на авион на Џерманвингс во француските Алпи од вторникот, вели дека доказите индицираат оти еден од двајцата пилоти на леталото бил заклучен надвор од кабината кога авионот паднал, убивајќи ги сите 150 лица на него.
Неименуван истражувач за Њујорк Тајмс кажа дека снимките од гласовите во пилотската кабина, земени од таканаречената „црна кутија“ пронајдена на местото на уривањето, индицира дека пилотот се обидувал повторно да влезе во кабината кога се урнал авионот.
Опишувајќи ги снимките, тој кажал дека „пилотот чукал на вратата, но немало одговор, по што посилно ја удрил вратата, и немало одговор. Никогаш немало одговор.“
Истражителот кажал дека можело да се слушне како пилотот сакал со сила да ја отвори вратата. Снимките го оставиле отворено прашањето зошто вратата не била отворена. Тој продолжи, „Но на крајот е сигурно дека другиот пилот е сам и дека не ја отворил вратата“.
Истражителите во среда кажаа дека не веруваат оти авионот експлодирал во воздух, бидејќи остатоците од авионот на тешко пристапниот терен на француските Алпи се ограничени на релативно мала област.
Авионот се урнал без претходно да објави сигнал дека има проблем. Луфтханса, компанијата-мајка на Џерманвингс, вели дека во моментов уривањето го третира како несреќен случај.