Линкови за пристапност

Авганистанскиот претседател им оддаде почит на САД


Во обраќање пред Конгресот на САД, претседателот Ашраф Гани кажа „Ние сме длабоко задолжени на американските војници“.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани им оддаде почит на американските сојузници, вклучувајќи ги припадниците на американската армија, за нивната поддршка во унапредувањето на каузата за слобода.

„Луѓето на Авганистан ја признаваат храброста на вашите војници и на огромните жртви кои Американците ги направија за Авганистан да биде слободен“, рече Гани на заедничката седница на двата дома на Конгресот. „Ние сме длабоко задолжени на војниците кои изгубиле екстремитети од закопани бомби, на храбрите ветерани, и на семејствата кои трагично загубиле сакани од непријателски кукавички акти на тероризам“.

Посетата на Гани на САД и неговиот говор пред Конгресот – чест што не се дава на секој странски лидер во посета на Вашингтон – е дел од напорите за поправање на односите меѓу двете држави кои се затегнати со близу 14 годишната војна.

XS
SM
MD
LG