Линкови за пристапност

Вокален противник на „Обамакеар“ се пријавува за програмата


Тед Круз, кој објави претседателска кандидатура, изјави дека се пријавува за таква здравствена заштита, но дека сака законот да биде поништен.

Еден од најгласните противници на Актот за достапна здравствена грижа на САД, познат како „Обамакеар“, се подготвува да се пријави за здравствено осигурување по програмата.

Републиканскиот сенатор Тед Круз, кој прв најави претседателска кандидатура за 2016-та, во вторник кажа дека ќе се пријави за вакво осигурување бидејќи тоа се бара од членовите на Конгресот. Семејството на Круз веќе е покриено со планот преку корпоративниот работодавец на неговата сопруга, но тој вели дека таа нема да работи во периодот на кампањата, кога сака да му се придружи.

Тексашкиот сенатор вети дека ќе го поништи законот на Обама за здравствена заштита ако стане претседател. На весникот Де Моин Реџистер му кажа дека се` уште сака да го види законот поништен, и дека верува оти тоа ќе се случи доколку републиканец го наследи претседателот Обама во 2017.

XS
SM
MD
LG