Линкови за пристапност

Инфлацијата во САД покажала зголемување во февруари


Стапката на инфлација сега е под 2 проценти, што се смета за здраво за економијата

Малото зголемување на цените на бензинот и зголемување на трошоците во други области ги кренаа цените во малопродажбата во САД во февруари, што е знак дека инфлацијата може да се стабилизира.

Извештајот од вторник од Одделот за труд покажува дека малопродажните цени пораснале за две десетини од процентот за еден месец, откако претходно опаѓаа. Малопродажните цени за изминатите 12 месеци беа непроменети.

Американските цени на нафтата нагло паднаа од јуни до јануари, и заштедата се почувствува низ целата економија, држејќи ги цените под контрола.

Инфлацијата е под два проценти годишна стапка за која експерти на американската централна банка велат дека е здрава за економијата.

XS
SM
MD
LG