Линкови за пристапност

Продажбата на домови расте во САД


Нов извештај исто така покажува дека цените на домовите растат

Бројот на постоечки домови продадени во САД пораснал 1,2 проценти во февруари, што е скромно зголемување во однос на претходниот месец.

Понеделничкиот извештај од Националната асоцијација на агенти за недвижнини исто така кажа дека цените на домовите пораснале 4,7 проценти од истиот период пред една година.

Доколку домовите продолжат да бидат продавани со оваа брзина цела година, 4,88 милиони домови ќе променат сопственици. Економистите внимателно ја следат продажбата на домови бидејќи големи проблеми во секторот за домување играше клучна улога во финансиската криза.

Понеделничкиот извештај дава информации за продажбата на „постоечки“ домови, кои го прават поголемиот дел на пазарот. Во вторник, експертите ќе објават податоци за продажба на нови домови кои сочинуваат околу 15 проценти од трансакциите.

Исто така во вторник, владините експерти ќе известат за стапката на инфлација во САД за февруари.

XS
SM
MD
LG