Линкови за пристапност

СДСМ ја објави 13-та „бомба“ со која тврди дека премиерот нелегално се стекнувал со плацеви на Водно


Заев рече дека пратениците од СДСМ нема да се вратат во законодавниот дом и повторно побара оставка од владата.

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, денеска објави нови аудио снимки од наводни разговори на премиерот Никола Груевски со министерот Миле Јанакиески. Во снимките се слушаат разговри во врска со спорните парцели за кои беше потребна промена на официјални документи за земјиште од Парк-шумата Водно да се пренамени во градежно, како и за спорот на државата со Фијат Цановски и неговиот станбен објект „Косомос“.

„Ќе слушнете како Груевски го демантира Груевски, рече Заев“, посочувајќи на владината реакција по прес конференцијата на која владата реагираше тврдејќи дека премиерот нема ништо повеќе од тоа што го пријавил во имотниот лист. Во разговорите пуштени денеска опозицијата тврди дека Груевски лично нарачувал како да изгледаат парцелите на Водно.

СДСМ тврди дека во разговорите се слуша како Груевски му признава на Јанакиески дека го лажел Цаноски оти му нашле неправилности во објектот, со цел за да се спасат од одговорност градоначалниците на Општина Гази Баба и на Град Скопје, кои веќе му дале дозвола за градба.

Груевски и Јанакиески наводно се договараат „што да измислат за да го држат Цаноски во неизвесност“, а од друга страна, „ од Цаноски добиле најразновидни ветувања, само за да се спаси“.

Прашан дали СДСМ би се вратил во Собранието, Заев рече дека пратениците од СДСМ нема да се вратат во законодавниот дом и повторно побара оставка од владата.

XS
SM
MD
LG