Линкови за пристапност

Ирачкиот премиер ќе се сретне со Обама во април


На првата посета на САД Хаидер ал-Абади ќе разговара за борбата против ИСИС, и за проширување на односите на други полиња.

Ирачкиот премиер Хаидер ал-Абади ќе го посети Вашингтон следниот месец да разговара за тековната борба против милитантите на Исламската држава, соопшти Белата куќа во понеделник.

Средбата на 14 април ќе биде прва посета на ал-Абади на САД откако стана премиер, минатиот август.

Средбата со претседателот Барак Обама исто така се очекува да се однесува на пошироката соработка меѓу САД и Ирак за, како што вели Белата куќа, „проширување на политичките, комерцијалните и културните односи“.

САД предводат меѓународна коалиција на држави во воздушна кампања против борците на Исламската држава во Ирак и Сирија. Ирачките трупи на теренот се здружија со шиитските паравојници и курдските сили да се спротивстават на милитантната група, која зазема дел од државата, како и дел од Сирија, минатата година.

XS
SM
MD
LG