Линкови за пристапност

Русија ветува заштита на нејзините „национални интереси“


Портпаролот на Кремљ одби да специфицира како ќе реагира, нарекувајќи ја одлуката на ЕУ да ги одржи економските санкции „деструктивна“.

Русија ја осуди Европската Унија за задржување на санкциите против неа заради улогата во украинскиот конфликт, нарекувајќи ја одлуката од четвртокот „деструктивна“.

Зборувајќи со новинарите во Москва во петок, портпарол на Кремљ, Дмитри Песков, одби да специфицира како Русија ќе одговори, но рече дека ќе стори „тоа што е во нејзин национален интерес “ во смисла на одмазднички санкции.

Тој кажа дека Русија би преферирала да се ангажира во креативни, а не деструктивни прашања, каква што е реториката за санкции.

Песков исто така го обвини Киев за прекршување на условите во договорот за примирје во источна Украина потпишан во белорускиот главен град Минск, минатиот месец.

Лидерите на ЕУ на средба во Брисел во четврток рекоа дека нема да ги кренат економските санкции против Русија додека примирјето во источна Украина , што Москва го поздрави, е целосно имплементирано.

Претседателот на ЕУ, Доналд Таск, кажа дека одлуката покажала оти 28-члената ЕУ има намера да продолжи да врши притисок на Москва за прекин на поддршката на про-руските сепаратисти во источна Украина, каде борбите однесоа над 6.000 животи откако започна конфликтот минатиот април.

Москва неколку пати негираше дека директно ги поддржува бунтовниците во пограничните региони со претежно руско говорно население. Москва упорно се бунеше против серијата санкции поставени од ЕУ и од САД.

XS
SM
MD
LG