Линкови за пристапност

САД „ќе ги преиспитаат“ опциите по изјавите на Нетанјаху


Претседателот Обама оваа порака му ја пренел на израелскиот премиер заедно со честитката за изборната победа.

Американскиот претседател Барак Обама му кажал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе ги „преиспита“ аспектите на американско-израелските односи по коментарите на израелскиот лидер за отфрлање на решението на две држави.

Обама ја пренесе оваа порака за време на телефонски повик до Нетанјаху во кој му честиташе на изборната победа неделава, според официјално лице од Белата куќа под услов на анонимност.

Непосредно пред изборите во вторникот премиерот Нетанјаху на израелските медиуми им кажал дека „никогаш“ нема да поддржи креација на палестинска држава како начин да се реши долгорочната израелско-палестинска криза.

Во четврток, тој изгледаше дека се оддалечува од тие изјави, велејќи им на неколку медиумски организации дека не е против „демилитаризиранa палестинска држава" но додаде дека „тоа не може да се постигне во сегашно време“.

XS
SM
MD
LG