Линкови за пристапност

Грција: Легислатива против сиромаштијата


Грчкиот парламент усвои закон против сиромаштијата во напор да се справи со тоа што владата го нарекува „хуманитарна криза“ во Грција.

Ова е прва легислатива на новата влада на премиерот Алексис Ципрас, кој ветува отстранување на мерките за штедење поставени врз Атина од нејзините европски кредитори во замена за помошта.

Ципрас ги нападна европските партнери за критикувањето на новиот закон.

„Справување со хуманитарната криза во Грција е унилатерална акција некомпатибилна со одлуките на европските институции. Што друго да се одговори на оние кои бараат замрзнување на законите, за Грција и илјадници домаќинства да се смрзнат без струја?“

Комесарот за економија на ЕУ Пјер Московици негираше дека ЕУ се обидува да ја спречи Атина од усвојување на законот, но кажа дека официјалниот претставник имал право да ја потсети гршката влада да се консултира прво со заемодавачите.

Според усвоениот закон против сиромаштијата се дава помош од околу 200 милиони евра на главно безработните домаќинства кои се смета дека „во екстремна сиромаштија“.

Ципрас се очекува да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, претседателот на европската Централна банмка Марио Драги и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на маргините на средбата на лидерите на ЕУ во четврток.

XS
SM
MD
LG