Линкови за пристапност

Чекор поблиску до повисоки каматни стапки во САД


Аналитичарите велат дека пре долго чекање за кревање на каматните стапки може да предизвика поголема инфлација што е лошо за економијата

Американската централна банка се придвижи чекор поблиску до кревање на каматните стапки во среда, велејќи дека нема повеќе да биде „трпелива“ во чекањето економските услови натамошно да се подобрат.

Многу инвеститори таа промена ја видоа како знак дека Федералните резерви на САД би можеле да ги кренат уште во јуни.

Соопштението кажа дека зголемувањето „не е веројатно“ на нивниот следен состанок во април.

Федералните резерви треба да работат на охрабрување на вработувања со полно работно време и стабилни цени во економијата.

Но, милиони луѓе работат со скратено работно време бидејќи не можат да најдат работа со цело работно време, и инфлацијата е на стапка под два проценти што многу економисти мислат дека е здраво за економијата.

Аналитичарите велат дека чекање премногу долго за кревање на каматните стапки може да предизвика поголема инфлација што може да и` наштети на економијата.

За време на финансиската криза американските Федерални резерви ги намалија клучните каматни стапки близу до нула за да ја поттикнат економијата.

Растечкиот растеж и намалувањето невработеноста значи дека на економијата може да не и` треба повеќе поттикот што го добива од рекордно ниските каматни стапки.

XS
SM
MD
LG