Тунискиот премиер вели дека 19 лица, вклучувајќи туристи, биле убиени во средата кога вооружени лица целеле на посетители во Музејот Бардо во државата.
Двајца од вооружените лица исто така се убиени кога безбедносните сили влегле за да ја прекинат кризата.
Меѓу мртвите се 17 туристи од Полска, Германија, Италија и Шпанија. Двајца членови од безбедносните сили загинале во операцијата, кажа премиерот Хабиб Есид на прес-конференција.
Најмалку 24 други лица биле повредени во нападот во близина на парламентот.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на националната телевизија кажа дека околу 100 посетители имало во музејот кога двајца напаѓачи влегле во објектот со автоматско оружје.
Не е јасно кои биле напаѓачите.
Туниската телевизија покажа слики на луѓе како бегаат од местото на настанот под заштита на вооружени безбедносни сили на Тунис.
Член на Парламентот на Твитер кажа дека зградата на Парламентот била евакуирана.
Во време на нападот министерот за правда, судии и неколку официјални претставници биле во парламентарната зграда за сесија на разгледување на законот за анти-тероризам во државата.
Тунискиот претседател подоцна во денот ќе се обрати пред нацијата за настаните во музејот.