Линкови за пристапност

Писмо со отров испратено до Белата куќа


Цијанид е откриен во писмо што било скенирано во објект надвор од Белата куќа.

Американската тајна служба вели дека писмо адресирано до Белата куќа е тестирано позитивно за смртоносниот отров цијанид.

Агенцијата, која е надлежна за заштита на претседателот и други високо-рангирани официјални лица, објави соопштение во вторникот велејќи дека писмото е примено во објектот за проверка што не е во склоп на кампусот на Белата куќа, ден пред тоа. Писмото иницијално покажало негативен резултат на тестот за биолошки агенси, но агенцијата вели дека натамошни тестови покажале „претпоставен позитивен“ резултат за цијанид.

Писмото е испратено во друг објект за натамошно тестирање. Тајната служба вели дека нема да има натамошни коментари заради тековната истрага.

Според веб-страница наречена Пресретнување, повратната адреса на писмото со цијанид е на човек кој испратил повеќе пакети до Белата куќа од 1995, вклучувајќи и едно покриено со урина и фекалии.

Во 2013, писма адресирани до претседателот Барак Обама и сенаторот од Мисисипи Роџер Викер содржеле отров рицин. Едно лице е уапсено во инцидентот.

XS
SM
MD
LG