Линкови за пристапност

Ирански претставник вели има согласнот по најголем дел на прашањата


Али Акбад Салехи на иранската државна телевизија кажа дека сепак останува една важна разлика која преговарачите ќе сакаат да ја решат до крајот на денот.

Шефот за нуклеарни прашања на Иран вели дека иранските претставници постигнале разбирање со САД и со нивните преговарачки партнери по најголем број прашања во тековните разговори во Швајцарија по иранската нуклеарна програма.

Али Акбад Салехи на иранската државна телевизија кажа дека сепак останува една важна разлика која преговарачите ќе се обидат да ја решат до крајот на денот во вторник. Тој кажа дека доколку ова прашање биде надминато, сите страни ќе бидат во согласност по техничките прашања дискутирани на преговорите.

Тој не кажа кое е тоа прашање.

Салехи ова го изјави во време кога американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф преговараа втор ден во вторник.

Средбата уследи по сесија што тие ја одржаа во понеделникот додека се обидуваа да дојдат поблиску до договор со кој ќе се обезбеди иранската нуклеарна програма да биде за мирољубиви цели во замена на олеснување на економските санкции кои и` наштетија на иранската економија.

Висок американски претставник во неделата кажа дека не е јасно дали ќе се постигне договор до поставениот рок на крајот на месецот.

„Иран се` уште треба да направи некои многу тешки и неопходни избори„, кажа официјален претставник под услов да остане анонимен.

XS
SM
MD
LG