Линкови за пристапност

Асад: „Чекаме на акции што ќе ги следат зборовите на Кери“


Во интервју од неделата, Кери кажа дека САД на крајот ќе треба да постигне договор со лидерот на Сирија за политичка транзиција на власта

Сирискиот претседател Башар ал-Асад кажа во понеделникот дека чека „акција“ од Вашингтон што ќе одговара на зборовите на американскиот државен секретар Џон Кери, кој еден ден пред тоа изрази интерес за преговори со владата на сирискиот лидер.

„Се` уште слушаме декларации и би требало да сочекаме акции, и дури потоа да решиме“, цитиран е Асад дека рекол за државните сириски медиуми.

Во интервју од неделата, Кери кажа дека САД на крајот ќе треба да постигнат договор со лидерот за политичка транзиција на моќта, во време кога Сирија одбележува четиригодишнина од граѓанската војна во која над 200.000 луѓе се убиени.

„Ќе мора на крајот да преговараме“, Кери кажа за ЦБС, охрабрувајќи дипломатска солуција на конфликтот во Сирија. „Ќе мора да му ставиме јасно на знаење на Асад дека постои определба кај секого да се најде политичко решение...и јас сум убеден дека со напори на сите наши сојузници и другите, ќе има зголемен притисок на Асад.“

САД се исто така инволвирани и во тековни воздушни напади во северна и источна Сирија, каде милитанти на Исламската држава презедоа територија минатата година, станувајќи заеднички непријател на Дамаск и на Вашингтон.

XS
SM
MD
LG