Линкови за пристапност

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма


Додека рокот што сами си го поставиле се приближува, Кери вели дека остануваат политички разлики

Американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф во понеделник повторно се среќаваат во Швајцарија во напор да дојдат до договор во долготрајните преговори за иранската нуклеарна програма.

Кери и Зариф се приклучија на дипломатите и експертите од двете страни кои ја отворија последната рунда разговори во неделата. Тие имаат преостанато околу две недели пред истекувањето на рокот што сами си го поставија за постигнување на рамковен договор за обезбедување дека иранската нуклеарна програма е мирољубива во замена за кревањето на економските санкции.

Кери во неделата кажа дека преостанатите пречки повеќе се политички отколку технички.

Во меѓувреме, републиканскиот лидер во Сенатот на САД, Мич Меконел, даде изјава за ЦНН против разговорите, велејќи дека претседателот Обама бил на точка за постигнување „многу лош договор“ со Техеран.

XS
SM
MD
LG