Линкови за пристапност

Отворен патот за финансирање на домашното обезбедување – за три недели


За тоа време републиканците ќе се обидат да ја поништат имиграционата извршна наредба на претседателот

Американскиот Претставнички дом го отвори патот за усвојување на краткорочен закон за финансирање, за да се држи отворен Одделот за домашна безбедност.

Законодавците во петок гласаа 240 спрема 183 за отстранување на процедуралната пречка за предлогот да оди понатаму, само неколку часа пред рокот на полноќ кога парите за агенцијата требаше да бидат прекинати.

Предлог законот дава уште три недели на финансирање додека републиканците се обидуваат да ја поништат извршната акција на претседателот Барак Обама за имиграцијата, која ги лимитира депортациите на луѓето кои се во САД илегално.

Пред предлог законот да влезе во сила, Претставничкиот дом и Сенатот мораат поединечно да гласаат уште еднаш за конечно одобрување.

Доколку Конгресот не го усвои документот до полноќ во петок, околу 300 илјади луѓе ќе мора привремено да бидат отпуштени, додека други 240 илјади ќе работат без плата.

XS
SM
MD
LG