Линкови за пристапност

Германскиот парламент го одобри продолжувањето за Грција


Грција доби продолжение за пакетот помош во замена за определба за буџетски реформи.

Германскиот парламент во петок изгласа четиримесечно продолжување на грчката програма за финансиска помош. Бундестагот гласаше 542-32 за поддршка на продолжението, со 13 членови во апстиненција.

Германскиот Бундестаг беше меѓу националните парламенти кои би требало да го одобрат продолжувањето.

Министерот за финансии Волфганг Шубле кажа дека Германците ќе направат се` што е можно „да се задржи Европа заедно“, но исто така вети дека на Грција нема да и` биде дозволено да ги „уценува“ партнерите во еврозоната.

Грција доби продолжение во замена за определба за буџетски реформи.

Премиерот Алексис Ципрас победи на јануарските избори со ветувања дека ќе направи нов договор за мерките за штедење поставени во замена за пакетот помош од 270 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG