Американскиот економски растеж бил послаб од тоа што се мислело, во последните неколку месеци на 2014-та.
Петочниот извештај од Одделот за стопанство вели дека бруто домашниот производпораснал на 2,2 проценти годишна стапка во четвртото тримесечје.
Тоа е малку побавно од претходните проценки, и половина од стапката на експанзијата од третото тримесечје.
Официјални претставници велат дека растежот на Бруто домашниот производ забавил заради намалените трошоци на федералната влада и зголемениот увоз.
За целата 2014 новите анализи утврдиле развој од 2,4 проценти, што е малку побрзо од претходната година.
Оваа година некои економисти интервјуирани од новински агенции велат дека зголемувањето на малопродажната потрошувачка и други фактори може да ја поттикнат американската економска експанзија на три проценти или повеќе.