Кубанска делегација во петок е во американскиот Стејт департмент за разговори во врска со обновување на дипломатските врски со САД, за прв пат по 1961 – што е дел од иницијативата на претседателот Обама за прекин на ембаргото против Куба.
Висок претставник на Стејт департмент кажа дека петочната сесија ќе се фокусира само на правење тоа што треба да биде направено за отварање амбасади во Вашингтон и во Хавана, колку е можно побрзо.
Претставникот рече дека обемот и начинот на тоа што ќе биде направено, зависи од тоа што ќе го донесат Кубанците на маса.
Претставникот исто така кажа дека дијалогот за почитувањето на човековите права ќе биде првата отворена конверзација што САД ќе ја имаат со Кубанците по рестартирање на дипломатските врски.
САД поставија трговско ембарго на Куба во 1960 и ја затворија амбасадата една година подоцна откако комунистичкиот лидер Фидел Кастро ја соборил владата поддржана од САД.