Линкови за пристапност

Опаѓање на малопродажните цени во САД


Економистите велат дека со евтиниот бензин потрошувачите можат да трошат повеќе пари на други производи и услуги, што води до растеж.

Малопродажните цени во САД паднаа седум десетини од процентот, што е најостар пад од 2008.

Извештајот на Одделот за труд од четвртокот вели дека опаѓањето на трошоците за бензин довеле до, во глобала, намалување на цените за една десетина од процентот за последниве 12 месеци.

Економистите велат дека цените се добри за потрошувачите и им дозволуваат да трошат повеќе пари на други производи и услуги.

Надвор од областите на енергијата и храната, цените низ целокупната економија се` уште растат донекаде, но остануваат под нивото од два проценти што експертите во американската Централна банка го сметаат за здраво.

Некои економисти велат дека грижата за премногу ниската инфлација може да ги натера Федералните резерви да да ги задржат каматните стапки на рекордно ниско ниво уште малку подолго.

Други економски податоци се мешани.

Бројот на нови пријави за компензација заради невработеност пораснал за 31.000 минатата недела до цифрата на национално ниво од 313.000. Експертите велат дека дури и со зголемени отпуштања, пазарот на труд останува во основа здрав.

Друг извештај покажува дека нарачките за долготрајни добра пораснале за 2,8 проценти во јануари, иако, со исклучок на комерцијални авиони, добивката е поскромна, три десетини од процентот. Посилни фабрички нарачки обично водат кон економски растеж.

XS
SM
MD
LG