Линкови за пристапност

Тројца уапсени во Њујорк за терористички заговор


Осомничените наводно планирале да го убијат претседателот Барак Обама, полицајци и агенти на ФБИ во САД.

Тројца странски државјани кои живееле во Њујорк се уапсени без право на кауција по обвиненија дека заговарале поддршка на групата Исламска држава во Сирија.

Американските власти исто така наведуваат дека осомничените планирале да го убијат претседателот Барак Обама, полицајци и агенти на ФБИ во САД.

Осомничените се појавиле пред судија во Њујорк во средата. Деветнаесетгодишниот Казахстанец Акрор Саидахметов бил уапсен на њујоршкиот меѓународен аеродром Џон Ф. Кенеди од каде се обидувал да замине за Истанбул.

Дваесетичетиригодишниот Абдурасул Хасанович Јурабоев од Узбекистан имал билет за патување во Истанбул за следниот месец.

Триесетгодишниот Аброр Хабибов, исто така од Узбекистан, е обвинет за финансиска поддршка на Саидахметов. Тој бил уапсен во Флорида.

Неговиот адвокат изјави дека САД треба да најдат алтернативни начини да им пристапуваат на муслиманите со можни афинитети кон расизам.

Доколку бидат обвинети за обид за заговор и обезбедување материјална поддршка за терористичка организација, секој е соочен со 15 години затвор.

Западните претставници проценуваат дека повеќе од 20.000 странци се приклучиле на милитантни групи во Ирак и Сирија последните три години.

Оваа недела британската полиција кажа дека три тинејџерки од Лондон отпатувале за Турција да се приклучат на милитанти на Исламската држава. Се верува дека тие сега преминале во Сирија.

XS
SM
MD
LG