Федералната комисија за комуникации на САД во четврток ќе гласа по предлог што би обезбедил Интернет секторот во државата да оперира како слободен и отворен пазар.
Комесарите се очекува да го одобрат предлогот поднесен од претседателот Том Вилер дека таканаречената платена приоритизација, во која големите провајдери на Интернет услуги би им наплатувале на провајдерите на содржински материјал поголеми суми за побрзо спроведување на нивниот материјал во кибернетскиот простор отколку на помалите муштерии.
Предлогот на Вилер, објавен порано месецов, би го регулирал Интернет според одредби на децениски стариот Акт за комуникации што ја регулира телефонската индустрија како јавна услуга. Во напис за магазинот Wired, Вилер кажа дека неговиот предлог би го „заштитил Интернет како отворена платформа за иновација и слободно изразување“.