Линкови за пристапност

Извештаи: Британскиот „Џихадист Џон“ идентификуван


Според изјави на пријатели, се работи за Мохамед Емвази, британски државјанин со диплома од компјутерско програмирање.

Медиумите известуваат дека маскираниот милитант од Исламската држава, кој се појави во неколку видеа на заложници кои биле брутално обезглавени, тентативно е идентификуван како британски државјанин со диплома од компјутерско програмирање.

Извештаи од четвртокот цитираат пријатели на Мохамед Емвази како велат дека веруваат оти тој е високиот, со лондонски акцент, наречен „Џихадистот Џон“.

Лицето се појавува на видеата облечен во црно, со маска преку лицето и футрола за оружје под пазувата. Американски и британски официјални лица не коментираа по новинските извештаи за неговиот идентитет.

Емвази е наводно родум од Кувајт, Лондончанец од средната класа кој практикувал Ислам. Пријатели и познаници велат дека веруваат оти се радикализирал изминативе неколку години по патувања во Африка и на Блискиот исток. Се знаеше дека тој е наводно „лице од интересс“ за британските безбедносни власти иако безбедносните претставници ова не го потврдија.

XS
SM
MD
LG