Линкови за пристапност

Осуден убиецот на Крис Кајл


Случајот доби голем публицитет заради филмот „Американски снајперист“ што беше номиниран за Оскар.

Поротата во Тексас го осуди лицето кое го застрелало поранешниот поранешниот припадник на специјалната единица SEAL, на американската Морнарица, чија животна приказна беше претворена во филм што во моментов се прикажува „Американски снајперист“.

Еди Реј Раут беше најден за виновен во вторникот навечер, за смртта на Крис Кајл и пријател на Кајл, Чад Литлфилд, на стрелиште, во февруари 2013-та. Поротниците расправаа помалку од три часа.

Бидејќи обвинителите во случајот не бараа смртна казна, 27-годишниот Раут доби автоматска доживотна казна без право на помилување.

Кајл и Литлфилд го донеле поранешниот Маринец на стрелиштето како начин да му помогнат на Раут, кој бил дијагностициран со пост-трауматски стрес откако служел во Ирак и во Хаити за време на хуманитарната акцијапо земјодресот во 2010-та. Неговите адвокати кажаа дека Раут страдал од ментална болест во време на убиството и мислел дека Кајл и Литлфилд ќе го убијат за време на вежбата.

Потврдено е дека Крис Кајл убил стотици за време на службата во Ирачката војна предводена од САД. Филмот, базиран на неговата автобиографија, беше номиниран за Оскар за најдобар филм, и заработи повеќе од 300 милиони долари од продажба на влезници.

XS
SM
MD
LG