Два трговски центри – еден во САД, а друг во Канада, работат под зголемени безбедносни мерки по терористичката закана од исламистички милитанти со седиште во Сомалија.
Трговскиот центар во Минесота, познат како Мол на Америка, и трговскиот центар во Едмонтон, Канада, издадоа соопштенија дека ги зголемуваат безбедносните мерки откако организацијата ал-Шабаб, поврзана со ал-Каида, објави видео во саботата со порака што изгледа како повик за напад во овие западни локации.
Терористичките закани конкретно споменуваат трговски центри во САД, Канада и Британија.
Секретарот за домашна безбедност Јеј Џонсон изјави дека властите ги земаат сериозно заканите, и рече дека сега глобалните терористички закани од терористичките организации прераснале во „јавно повикување независни актери во нивните држави да изведуваат напади“.
Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за терористичките напади во септември 2013-та, кога загинаа 67 лица во трговскиот центар Вестгејт во Најроби, Кенија.