Линкови за пристапност

Обама: Грда лага е дека Запад е во војна со Исламот


Претседателот на САД вети неуморна борба против Исламската држава и други терористички групи.

Американскиот претседател Барак Обама во четврток објави дека тврдењето на терористичките групи оти западните нации се во војна со Исламот е „грда лага“.

Во говор на анти-терористичкиот самит во Вашингтон под спонзорство на Белата куќа, Обама вети неуморна борба против Исламската држава и други терористички групи. Тој ја отфрли идејата дека главно христијански и еврејски западни нации водат војна против муслиманите.

„Тоа тврдење дека Западот е во војна со Исламот е грда лага“, рече тој.

Обама кажа дека светските влади и култури мора бараат начин да ги прекинат секташките конфликти, вклучувајќи го оној на Сунитите против Шиитите во муслиманскиот свет. Како дополнение, тој кажа дека светските лидери мора да им помогнат на луѓето да избегнат сиромаштија и угнетување, за кои тој рече дека се плодна почва за терористичко регрутирање.

„Кога луѓето се угнетени и човековите права им се негирани, особено по секташка или етничка линија, кога опозиционерството е замолчано, тоа го храни насилничкиот екстремизам.“

Тој кажа дека младите луѓе во светот „се учат на омраза“ и дека „ние како возрасни ги учиме“.

Обама зборуваше по Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, на самитот за спротивставување на насилничкиот екстремизам што се одржува во американскиот Стејт департмент.

XS
SM
MD
LG