Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, во четврток, насилничките акции на Боко Харам и на Исламската држава ги нарече „тешка закана за меѓународниот мир и безбедност“, но кажа дека владите во светот често се виновни за привлечноста на терористичките групи за оние најдолу на општествената структура“.
Шефот на ОН зборувајќи на самитот за анти-тероризам спонзориран од Белата куќа во Вашингтон кажа дека „угнетувањето, корупцијата и неправдата се расадник за недоверба“.
Бан на официјални лица од 60 држави им кажа дека „спречувањето на насилнички екстремизам и промовирање на човековите права одат рака под рака“ но дека борбата против тероризмот не може да биде користена на начин да се замолчува критиката на поединечни лидери.